Friday, May 15, 2015

Рбетниот столб претставува коскена творба спставена од куси коски наречени пршлени-vertebrae поставени во дорзално-медијалниотдел од вратот и трупот.Со горниот крај се зглобува со церепот а неговиот долен крај е слободен.Кај човекот пршлените на број се 33-34 кои се делат на: 7 вратни pшлени-vertebae cervicales, 12 градни пршлени-vertebrae thoracicae,5 слабински пршлени-vertebrae lumbales,5 крсни пршлени-vertebrae sacrales и 4-5 опашни пршлени-vertebrae coccygeae.Vertebrae cervicales,vertebrae thoracicae и vertebrae lumbales прецтавуват слободни куси коски наредени една врз друга поврзани меѓсебно сп меѓупршленскии дискови додека vertebrae sacrales и vertebrae coccygeae се сврзани во две коски: крсна коска-os sacrum  и опасна коска-os coccygis.По должината на рбетниот столб се протега во централниот дел рбетен канал-canalis vertebralis, во кој е содржан рбетниот мозок-medulla spinalis.
                                                





                                      ЗАЕДНИЧКИ ОСОБИНИ НА ПРШЛЕНИТЕ


На секој пршлен се разликуват следните делови:Пршленско тело, пршленски лак и израстоци на пршленот.

Пршленското тело –corpus vertebrae обично е со валчеста форма.На него се разликуват две страни годна и долна.Идејќи од горе на долу телата на пршленитесе наголемуват бидејќи тие ја ностат тежината на човечкото тело.

Пршленскиот лак-Аrcus vertebrae се протега од телото наназад и ограничува со него пршленски отвор-foramen vertebrale.

Израстоците на пршленот служат за припојувајне на мускули и за меѓусебно зглобување на пршлените.Тие се три патни и еден не парен.Напречен израсток –processus transversus што се протега бочно од обете страни на телото, горни и долни зглобни израстоци- -processus articulares superiores et processus articulares inferiores за меѓусебно зглобување на пршлените и напречен шилест израсток  и processus spinosus   насочен наназад.    








                                ВРАТНИ ПРШЛЕНИ-VERTEBRAE CERVICALES

 Вратните пршлени е 7 на број се означуват со редните броеви одејќи од горе на долу: I,II,III.IV,V,VI  и VI вратен пршлен.Се разликуват од другите со својот бочен израсток кој поседува кружен отвор за вертебралната артерија Од морфолошка гледна точка  вратните пршлени покажуват извесни отстапувања од веќе опишаниот типичен пршлен а тоа се I и II отстапуват по својата морфологија од вратните пршлени.
1.1Првиот вратен пршлен  е наречен ATLAS и е наменет за носење на тежината од главата.Се зглобува со тилната коска од черепот и е единствен пршлен кои не поседува тело. На атласот се разликуват сследниве делови:Бочна маса-massa lateralis,преден лак-arcus anterior,заден лак-arcus posterior,напречен израстои-processus transverses, и пршленски отвор-foramen vertebrale.

1.2Вториот вратен пршлен е наречен AXIS поседува тело но на неговата горна страна се наоѓа коскен израсток наречен заб-dens.Неговата височина се движи од 15 до 18мм .На забот се припојува врската на забниот врв –lig.apicis dentis.Предната страна од забот се зглобува со fovea dentis од задната страна на предниот лак на атласот.



 ГРАДНИ ПРШЛЕНИ-VERTEBRAE THORACICAE

 Градните пршлени на број се 12 ,зглобни меѓусебно го градат градниот дел од рбетниот столб-columna vertebralis.Тие се зглобуват со дванаесете пара ребра заради што со своите морфолошки особености отстапуваат со I, X, XI,XII.
Заеднички морфолошки особини на градните пршлени:1.Пршленско тело-corpus vertebrae,пршленскилак-arcus vertebrae,напречен израсток-processus transverses,горен зглобен израсток-processus articularis superior,долен зглобен израсток-processus aricularis inferior,ртен израсток-processus spinosus,пршленски отвор-foramen vertebrale.
Посебни морфолошки особености покажуваат преодните градни пршлениа тоа се : првиот,десеттиот,единаесеттиот и дванаесеттиот.
1,1Првиот граден пршлен-vertebra thoracica I  прецтавува преоден тип меѓу вратните и градните пршлени.се зглобува само со главата на првото ребро.Во исклучителни случаи таа може да биде полуповршина а главата на реброто се зглобува и со седмиот вратен пршлен.
1.2Десеттиот граден пршлен-vertebra thoracica X покажува периодни карактеристики кон лумбалните пршлени.На телото на пршленот се наоѓа само fovea costalis superior.Во оделени случаи недостасува и зглобна површина на processus transverses.
1.3Eдинаесетти граден пршлен-vertebra thoracica XI поседува една цела ребрена јамичка за зглобување со главата од единаесеттото ребро.
1.4Дванаесети граден пршлен-vertebra thoracica XII  тој се приближува со своите карактеристики од тие на слабинските пршлени.На телото поседува една цела ребрена јамичка за зглобување со главата на дванаесеттот ребро.Напречните израстоци се куси и не поседува зглобна површина за зглобување со рбетната џумка.




 СЛАБИНСКИ  ПРШЛЕНИ –VERTEBRAE LUMBALES

Слабинските пршлени на број се 5 зглобни меѓу себно го градат слабинскиот сегмент на рбетниот столб ,поседуват масивно тело.Петиот лумбален пршлен се зглобува со крсната коска –os sacrum  формирајќи тап агол насочен нанапред а означен како карличен рт или промонториум-promontorium.
Заеднички морфолошки особини на слабинските пршлени : 1.Пршленско тело-corpus vertebrae,пршленскилак-arcus vertebrae,напречен израсток-processus transverses,горен зглобен израсток-processus articularis superior,долен зглобен израсток-processus aricularis inferior,ртен израсток-processus spinosus,пршленски отвор-foramen vertebrale.


Посебни морфолошки особености на слабинските пршлени показуват првиот и петиот лумбален пршлен.

1.1Прв лумбален пршлен-vertebra lumbalis I  се одликува со силно развиен спореден израсток-processus accessories .

1.2Петтиот лумбален пршлен-vertebra lumbalis V се издвојува од останатите лумбални пршлени со најголемо пршленско тело со клиновидна горма.Предната страна е значително по висока од од задната страна.


                                         
                                 

                                    КРСНИ ПРШЛЕНИ-VERTEBRAE SACRALES

Крсните пршлени меѓусебно се сраснати и градат единствена крсна коска-os sacrum кои што е не парна.Таа е тиаглеста со врв насочен надолу, а базата е зглобна со петтиот лумбален пршлен.Во ретки случаи os sacrum може да биде изградена од шест или само четири крсни пршлени.Os sacrum  е вметната како клин меѓу обете карлични коски.Со петиот лумбален пршлен таа прави тап агол со теме што стрчи во карличната празнина предизвикувајќи на средината од задниот раб горен карличен отвор испакнувањето е означено како карличен рт-promontorium.Големината на пршлените што ја формират os sacrum  одејќи од горе надолу ,се намалува и затоа коската во целост наликува на четиристрана пирамида или клин со врв надолу.На крсната коска се разликуват: база,врв, горна-долна страна и два бочни дела.Предната-мазна страна е пелвична или свртена кон карлицата.На неа се забележуват пелвични сакрални отвори за премин на нерви.Задната страна е рапава кои поседува  надолжни кослени гребени предизвикани од срасните зглобни израстоци кои што меѓу гребените се забележуваат задни сакрални отвори.


 ТРТИЧНИ ПРШЛЕНИ-VERTEBRAE COCCYGEAE



Тртичните пршлени меѓусебно сраснати 4 до 5 закржлавени пршлени  градат единствена тртична коска-os coccygis кои  прецтавува средишна ,не парна коска сместена на долниот дел од рбетниот столб.Горниот поширок и поголем дел го прецтавува првиот тртнички пршлен а долниот дел е преставен со  три до четири џуумки.Горната страна од тртичната коска се зглобува во врвот од os sacrum .Од задниот раб на  горната страна се издвојува парен шилест израсток означен како тртнички рог-cornu coccygeum кои се зглобува со соодветниот рог од крсната коска.На предната страна на тртичната коска се припојува тртичниот мускул-m.coccygeus а на задната страна големиот седален мускул-m.gluteus maximus.На врвот од коската се припојува подигнувачот на анусот-m.levator ani.




                                                  РБЕТЕН СТОЛБ ВО ЦЕЛИНА

Прецтавува цврста отпорна и исто времено еластична коска на телото кои што поседува статичка,механичка и заштитна улога.На пбетниот столб се забележуваат:димензи носка и кривини,надворешен изглед и рбетен канал.
1.1Висина се подразбира оддалеченосмеѓу две хоризонтални линии од кои едната поминува преку врвот на dens axis а втората преку врвот на os coccygis.Кај возрасни висината изнесува просечно 73 до 75 cm а кај оделени делови: вратниот-14cm,градниот дел-28, слабински дел-18сm и во крсно-тртичниот дел 13сm.Kaj женскиот пол рбетниот столб изнесува 60cm.
1.2Напречен пречник или широчина најголем напречен или трансверзален пречник рбетниот столб показува во висина на базата на  os sacrum околу 11-12
1.3Носка и кривини на рбетниот столб кај возрасни лица рбетниот столб покажува предно дорзални кривини во сагитална рамнина а бочна кривина во фронтална рамнина.                
 14.Предно дорзална кривина-гледан од страна рбетниот столб наликува на издолжена буква Ѕ.Одејќи од горе на долу се разликуваат четири преднодорзални кривини:цервикална кривина ориентирана нанапред,торакална кривина со конвекситет наназад,лумбална кривина со конвекситет нанапред и сакрално-кокцигеална или пелвична кривина со конвекситет наназад.Според тоа цервикалната и лумбалната кривина се со конвекситет нанапред-лордоза а торакалната и пелвичната наназад –кифоза.
1.5Бочна кривина во предедлот на четвртиот петтиот и шестиот торакален пршлен рбетниот столб покажува слабо изразена бочна кривина во фронтална рамнина-сколиоза.
1.6Надворешен изглед на рбетниот столб покажува четири страни предна,задна и две бочни како и два краја-горен и долен.
1.7Рбетен канал го градат сите пршленски отвори-foramen vertebrale и се протега по целата должина на рбетниот столб.Во него е содржан рбетниот мозок-medulla spinalis.










1 comment:

  1. Добрыя артыкулы, Вы чулі пра містэра Бенджаміна, электронная пошта: Lfdsloans@outlook.com --WhatsApp Кантакт: + 1-9893943740-- якія працуюць з паслугамі фінансавання, яны даюць мне крэдыт у памеры 95 000,00 долараў, каб пачаць свой бізнес, і я плачу ім штогод вось ужо два гады, і мне яшчэ засталося два гады, хаця мне падабаецца працаваць з імі, таму што яны - сапраўдны крэдытор, які можа даць вам любы крэдыт.

    ReplyDelete